Основна дејност во Балекс доо од Штип е транспортот.

Балекс доо работи на релации од Македонија, Србија, Хрватска, па се до Италија, Германија, Белгија, Холандија, Полска и обратно. Главна дестинација која Балекс доо ја работи е Италија. Неделно таму имаме од 20 до 24 камиони кои товараат цели и збирни пратки.

Возачите во Балекс се професионалци во нивната работа, поседуваат сертификати за професионална компетентност за возачи, секогаш се трудат да стигнат на време на нивните места за утовар и истовар, да ги почитуваат нашите клиенти и да бидат секогаш на нивна услуга.

Балекс доо поседува и свој цариски склад, односно просторија за привремено чување на не оцаринета стока до 20 дена што ни овозможува да бидеме поекспедитивни и секогаш на време со доставите до нашите клиенти.

ФОРМУЛАР ЗА ПРАТКИ
ЛИЦА ЗА КОНТАКТ
Виктор Велинов
Транспорт координатор
+389 70 322 249 transport@baleks.com.mk viktor.baleks

Маринела Ристовска

Транспорт координатор
+389 71 270 587 transport.sk@baleks.com.mk marinela baleks